Прашањето во врска со еврејските доселеници ќе биде изнесено пред Меѓународниот кривичен суд

Вчера Палестинската управа под претседателство на претседателот Махмуд Абас одржа вонреден состанок во државниот дворец во Рамалах

971106
Прашањето во врска со еврејските доселеници ќе биде изнесено пред Меѓународниот кривичен суд

По случувањата на границата со појасот Газа, палестинската управа усвои низа одлуки во врска со изнесувањето на прашањето во врска со еврејските населени места пред Меѓународниот кривичен суд.

Генералниот секретар на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) Саиб Урејкат на прес конференцијата во Рамалах ја информираше јавноста во врска со одлуките кои што ги усвои Палестинската управа во врска со случувањата по протестите на границата со Газа.

Урејкат рече дека Палестинската управа планира официјално да го изнесе прашањето во врска со изградбата на еврејските населени места до Меѓународниот кривичен суд, да го повика СБ на ОН на вонредна седница, да ја зачлени Палестина во меѓународните организации, да се спроведат одлуките на Палестинскиот национален совет, да се формира Комитет за ограничување на Палестинско-израелските односи кој ќе се состои од членови на Централниот комитет на ПЛО, Управниот одбор и Владата.

Палестинскиот национален совет на 3 мај беше назначен да ја суспендира одлуката на Управниот одбор на Палестинското ослободителна организација со која се планира признавање на Израел согласно границите од 1967 година и додека не ја суспендира окупацијата на Источен Ерусалим и не ја запре изградбата на населените места.

Вчера Палестинската управа под претседателство на претседателот Махмуд Абас одржа вонреден состанок во државниот дворец во Рамалах во Западниот Брег кој се наоѓа под окупација.



Слични вести