Префрлувањето на Амбасадата на САД во Ерусалим ќе ги зголеми тензиите

Префрлувањето на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим во Русија предизвикува загриженост од можно зголемување на тензиите во регионот

970534
Префрлувањето на Амбасадата на САД во Ерусалим ќе ги зголеми тензиите

Префрлувањето на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим во Русија предизвикува загриженост од можно зголемување на тензиите во регионот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прашањето од новинарите дали Одлуката за префрлување на Американската амбасада во Ерусалим ќе предизвика зголемување на тензиите во регионот, одговори: „Да, постои загриженост. За ова прашање и претходно имаме дадено изјава.“

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на 12 мај се сретна со Николај Младенов, специјалниот координатор на ОН за Блискоисточниот мировен процес, истакнувајќи дека се многу загрижени поради состојбата на палестинско-израелското прашање.

Лавров во таа пригода изјави: „Ситуацијата е во ќорсокак. Оваа безизлезна ситуација, уште повеќе се продлабочува, особено под светлото на Одлуката на САД за Ерусалим.“



Слични вести