Јордан и врачи протестна нота на Израел

Израел и денес продолжува со прекршувањата и провокациите на Ал Акса

970051
Јордан и врачи протестна нота на Израел

Јордан и врачи протестна нота на Израел во врска со прекршувањата во Ал Акса.

Портпаролот на владата Мухамед ал-Мумени во писменото соопштение потенцирајќи на упадите и репресиите на еврејските доселеници и Израел на Ал Акса рече дека со посредство на амбасадата на Аман во Тел Авив на Министерството за надворешни работи на Израел му ја врачија протестната нота.

Во протестната нота се осудуваат неодговорните акции од овој вид на еврејските доселеници и Израел и што поскоро треба да се прекинат истите, подвлече Мумени потенцирајќи:

„Израел и денес продолжува со прекршувањата и провокациите на Ал Акса бидејќи во упадите на полицајците се наоѓаат и голем број приврзаници на радикалните еврејски доселеници“.

Портпаролот Мумени во соопштението подвлече дека во неприфатливите акции и упади на радикалните еврејски доселеници на Ал Акса во придружба на израелските полицајци, освен тоа што не се почитува и се прекршува светоста на светите простори и храмови, исто така се провоцираат верниците кои доаѓаат од целиот свет. Затоа веднаш треба да се прекинат провокативните упади, да се преземат потребните мерки за заштита на историскиот објект и согласно договорот меѓу двете земји да се испочитува заштитната улога на Јордан на Источен Ерусалим.



Слични вести