7 лица загинале во напад на полициски пункт во градот Сурабаја во Индонезија

Вчера во бомбашки напади врз цркви во индонезискиот град Сурабаја, загинале најмалку 13 лица, а 41 се повредени.

970005
7 лица загинале во напад на полициски пункт во градот Сурабаја во Индонезија

7 лица загинале во напад на полициски пункт во градот Сурабаја во Индонезија.

Како што јави весникот Џакарта Пост,претставникот на полицијата на Источна Јава Франс Барунг Мангера, изјавил дека според првичните претспоставки 7 лица загинале во бомбашки напад на полициска станица  на улицата Сикатан.

Вчера во бомбашки напади врз цркви во индонезискиот град Сурабаја, загинале најмалку 13 лица, а 41 се повредени.

Бомбашките напади беа изведени  вчера наутро врз три цркви во градот сместен на островот Источна Јава.

Шефот на националната полиција, Тито Карнавјан, потврди дека во нападот загинале 13 лица и дека зад нападот стои семејство, чии шест члена смртно настрадале.

Карнавјан изјави дека покрај родителите, загинале и ќерките на возраст од 9 и 12 години и синовите на возраст од 16 и 18 години.

Семејството претходно престојувало во Сирија, а потоа се вратило во Индонезија. Карнавјан рече дека е утврдено оти било во контакт со терористичката организација „Jamaah Anshorut Daulah“, која била поврзана со ДЕАШ.

 



Слични вести