Во три бомбашки напади на три цркви во Индонезија загинаа 9 лица, а 40 лица се ранети

Во областа Источна Јава во градот Сурабаја, кој е инаку втор по големина град на Индонезија, во 07:30 часот според локално време беа извршени 3 бомбашки напади на 3 цркви

969568
Во три бомбашки напади на три цркви во Индонезија загинаа 9 лица, а 40 лица се ранети

Во реализирани бомбашки на 3 цркви во градот Сурабаја во Индонезија животот го загубија 9 лица, а 40 лица се ранети.

Во областа Источна Јава во градот Сурабаја, кој е инаку втор по големина град на Индонезија, во 07:30 часот според локално време беа извршени 3 бомбашки напади на 3 цркви.

Портпаролот на полицијата Франс Барунг истакна дека во првиот самоубиствен бомбашки напад кој што бил извршен околу 07:30 според локално време на црквата Санта Мариа заедно и со бомбашот-самоубиец загинале 4 лица.

Франс Барунг рече дека по првиот напад биле извршени бомбашки напади и на црквите Дипонегоро и Пантекоста во одделни делови на градот Сурабаја и дека и во овие напади животот го загубиле 5 лица.

Истиот функционер додаде дека истрагите во врска со бомбашките напади продолжуваат.

Во врска со нападите постои сомневање од терористички напади, меѓутоа засега никој не ја презеде одговорноста за нивно извршување.



Слични вести