Во напад со нож во Париз најмалку еден загинат и неколкумина повредени лица

Во објавеното соопштение од Полициската управа на Париз се истакнува дека во близина на плоштадот на Операта во Париз едно сомнително лице извршило напад со нож врз граѓаните при што едно лице загинало, а четири лица биле повредени од кои двајца потешко

969525
Во напад со нож во Париз најмалку еден загинат и неколкумина повредени лица

Во реализиран напад со нож во главниот град на Франција Париз животот го загуби едно лице, а четири лица се повредени од кои двајца потешко.

Во објавеното соопштение од Полициската управа на Париз се истакнува дека во областа во близина на плоштадот на Операта во Париз едно сомнително лице извршило напад со нож врз граѓаните.

Јавниот радиодифузен сервис „Франс Инфо“ соопшти дека напаѓачот бил застрелан и убиен од страна на полицијата.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб им честита на безбедносните сили за навремената интервенција и ладнокрвниот став за време на инцидентот.

Нема информации во врска со идентитетот на напаѓачот, меѓутоа се вели дека на местото на инцидентот пристигнал Јавниот обвинител на Париз и дека ќе се приреди конференција за претставниците на печатот во врска со настанот.



Слични вести