Портпаролката на Белата куќа Сандерс: Иран претставува закана за регионалната безбедност

Портпаролката на Белата куќа Сарах Сандерс во објавеното писмено соопштение повика да се изврши меѓународен притисок врз Техеран

969129
Портпаролката на Белата куќа Сандерс: Иран претставува закана за регионалната безбедност

САД го обвинија Иран дека претставува закана за регионалната безбедност.

Портпаролката на Белата куќа Сарах Сандерс во објавеното писмено соопштение повика да се изврши меѓународен притисок врз Техеран.

Обвинувајќи ја Иранската револуционерна гарда за реализација на ракетни напади чија цел се израелските граѓани, Сандерс рече: „Револуционерната гарда своите извори ги користи за дестабилизација на Блискиот исток.“

Портпаролката на Белата куќа воедно изнесувајќи обвинувања против Иран истакна дека продолжетоците на оваа земја во Јемен истрелуваат ракети врз Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.

Инаку, претходно Израел наведе дека иранските сили во средата од териториите на Сирија истрелале 20-сетина ракети врз израелските бази на Голанските висорамнини. Израел исто така како одговор на овие напади реализира воздушни напади врз позициите на иранските сили во Сирија.

Од друга страна се вели дека и американскиот претседател Доналд Трамп во остварениот телефонски разговор со британската премиерка Тереза Меј го изнел влијанието на Иран за дестабилизација на регионот.

 



Слични вести