Почна гласањето на општите избори во Ирак

Почна гласањето на општите избори во Ирак кој брои 37 милиони жители и каде се наоѓаат приближно 24 милиони гласачи

969107
Почна гласањето на општите избори во Ирак

Започна чинот на гласање на општите избори во Ирак.

Изборните единици формирани во главниот град Багдад, Курдската регионална управа на Ирак и во другите ирачки градови ги отворија своите врати за гласачите  уште во раните утрински часови.

Независниот висок изборен комесаријат на Ирак соопшти дека чинот на гласање започна во 07:00 часот и ќе заврши во 19:00 часот според локално време.

Земајќи го во предвид тоа дека гласањето ќе одземе долго време, а поради тоа што се врши со земање на отисок од прстот и електронски, гласачите на гласачките места доаѓаат доста рано.

Општите избори во Ирак кои што се одржуваат по петти пат после терористичклата организација ДЕАШ исто така се одржуваат под сенката на присутни проблеми како што се економската криза, илјадниците бегалци кои не можат да се вратат во своите домови, политичката поларизација и безбедносниот проблем во оваа земја. 

Во Ирак кој брои 37 милиони жители се наоѓаат приближно 24 милиони гласачи.

Од друга страна во округот Дијала на истокот на Ирак беа неутрализирани двајца терористи на терористичката организација ДЕАШ кои се обиделе да ги активираат бомбите на себе во едно избирачко место.

Во маалото 1 јуни во градот Киркук пак каде што во мнозинство живеат Туркменци од страна на ирачките безбедносни сили била деактивирана мина за која што се претпоставува дека била поставена од страна на ДЕАШ во близина на едно избирачко место.

 

 



Слични вести