Иран ги осуди израелските напади во Сирија

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Бехрам Касими истакна дека тоа што меѓународната заедница останува нема пред нападите на Израел ја поттикнува оваа земја на агресивност

968768
Иран ги осуди израелските напади во Сирија

Иран ги осуди нападите на Израел во Сирија и истакна дека молкот на меѓународната заедница ја поттикнува оваа земја на агресивност.

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Бехрам Касими во соопштението што го објави на интернет страницата на министерството рече: „Нападите на ционистичкиот режим врз териториите на Сирија со изнесување на неосновани изговори претставуваат прекршување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија и се во спротивност со сите меѓународни закони, прописи и стандарди.“

Касими истакна дека тоа што меѓународната заедница останува нема пред нападите на Израел ја поттикнува оваа земја на агресивност. 

Инаку, како што соопшти израелската армија во среда вечер, со тврдење дека иранските сили истрелале 20-сетина ракети врз Израел со ракети и топовски напади беа погодени 26 позиции на иранските сили распоредени во Сирија.

Иран пак ги демантираше тврдењата дека неговите сили во Сирија реализирале ракетни напади врз Израел.



Слични вести