Во воздушен напад во подрачјето на Идлиб загинаа 8 цивили од кои повеќето деца и жени

Воен авион изврши напад на една пештера во која се засолнувале цивили во селото Маар Зита во границите на областа за намалување на затегнатоста во подрачјето на градот Идлиб во кој загинаа 8 цивили од кои повеќето деца и жени

967719
Во воздушен напад во подрачјето на Идлиб загинаа 8 цивили од кои повеќето деца и жени

Во реализиран воздушен напад во подрачјето на градот Идлиб во Сирија животот го загубија 8 лица од кои повеќето деца и жени.

Воен авион изврши напад на една пештера во која се засолнувале цивили во селото Маар Зита во границите на областа за намалување на затегнатоста во подрачјето на градот Идлиб.

Во нападот животот го загубија 8 цивили од кои повеќето деца и жени.

Директорот за цивилна одбрана (Белите шлемови) во Идлиб Мустафа Хаџ Јусуф истакна дека руралните подрачја на градот Идлиб вчера во вечерните часови беа подложени на силни воздушни напади.

Хаџ Јусуф рече: „Беше извршен воздушен напад на пештерата во која се засолнуваа цивили за заштита од нападите во селото Маар Зита на југот на Идлиб. Во воздушниот напад животот го загубија вкупно 8 цивили од исто семејство од кои 5 деца и две жени.“

Во објавата на Опсерваторијата за авиони формирана од страна на опозиционерите преку социјалните медиуми пак стои информацијата дека Руски воен авион кој полетал од воздушната база Химејмим кај градот Латакија изврши напад во селото Маар Зати во Идлиб. 

Дирекцијата на Белите шлемови во Идлиб известува дека во воздушните и копнените напади на Асадовиот режим и неговите поддржувачи од почетокот на годината досега животот го загубија 674 цивили од кои повеќето деца и жени, а 4.204 цивили се повредени.



Слични вести