Во Кенија при пукање на брана загинаа 38 лица

Обилните врнежи од дожд во градчето Солај во областа Накуру во близина на Најроби доведоа до излевање на браната во оваа област при што животот го загубија 38 лица, 40 лица се повредени, а голем број лица се водат како исчезнати

968160
Во Кенија при пукање на брана загинаа 38 лица

Во северозападниот дел на главниот град на Кенија Најроби поради обилните врнежи од дожд дојде до излевање на брана при што животот го загубија 38 лица.

Обилните врнежи од дожд во градчето Солај во областа Накуру во близина на Најроби доведоа до излевање на браната во оваа област.

Надлежни истакнаа дека излевањето на браната довело до големо рушење наоколу.

Полицијата соопшти дека во оваа природна катастрофа животот го загубија 38 лица, а 40 лица биле повредени и пренесени во болница.

Во меѓувреме кениски функционери информираат дека исто така и голем број лица се водат како исчезнати.

Инаку, прекумерните врнежи од дожд кои што владеат во оваа земја веќе два месеци доведоа до десетици жртви.

 



Слични вести