Путин: За жал ситуацијата на Блискиот Исток е тешка

Претседателот Путин го прими премиерот Нетанјаху со кого се задржа во подолг разговор посветен на борбата против фашизмот и на актуелни билатерални теми

967819
Путин: За жал ситуацијата на Блискиот Исток е тешка

Централната Парада на победата по повод 73-годишнината од победата над нацистичка Германија се одржа во центарот на Москва.

Парадата на победата, рускиот претседател Владимир Путин ја следеше во друштво на српскиот претседател Александар Вучиќ и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Како што соопшти официјален Кремљ претседателот Путин го примил премиерот Нетанјаху со кого се задржал во подолг разговор.Разговорот бил посветен на борбата против фашизмот и на актуелни билатерални теми.

Претседателот Путин во оваа прилика рекол:

За жал ситуацијата на Блискиот Исток е тешка.Јас не сакам само да зборувам за оваа тема ,туку истовремено сакам да ја истакнам и мојата надеж дека ќе се вложат напори за изнаоѓање решенија за попуштање на затегнатоста на Блискиот исток.

Премиерот Нетанхају нагласил дека никогаш не ги заборавиле лекциите од историјата, така да кога ќе се појават идеологии како што беше Нацизмот треба веднаш да им се даде адекватен одговор.

Путин и Нетанјаху потоа средбата ја продолжија зад затворени врати.

 

 



Слични вести