Израелски тенковски и воздушни напади на југот на Сирија

Според добиени информации од локални извори во Кунејтра, израелските сили реализираа тенковски и воздушни напади од Голанските висорамнини кои се наоѓаат под окупација, на југот на Сирија

967863
Израелски тенковски и воздушни напади на југот на Сирија

Израел изврши тенковски и воздушни напади на областите Баас и Хадар кај градот Кунејтра на југот на Сирија.

Според добиени информации од локални извори во Кунејтра, израелските сили реализираа тенковски напади од Голанските висорамнини кои се наоѓаат под окупација.

Откако сириските режимски сили одговорија со истрели од повеќецевни ракетни системи израелски воени авиони извршија воздушни напади на областите во околината на Баас и областа Тел Ахмар во руралното подрачје на северот на градот Кунејтра. 

По нападите на Голанските висорамнини под израелска окупација се слушнаа звуци од сирени.

Во објавеното писмено соопштение од израелската армија се истакнува дека Ерусалимските сили лојални на армијата на Иранската револуционерна гарда  истрелале 20-сетина ракети кон израелските бази на Голанските висорамнини.

Во соопштението се вели дека истреланите ракети биле уништени од страна на израелскиот противракетен штит и во нападот немало загинати или повредени.

Освен тоа во соопштението се вели и следното: „Израелската армија ова го смета за сериозен настан и продолжува да се спрема за различни сценарија.“

Во меѓувреме Иран ги демантираше тврдењата за извршен ракетен напад врз Израел.

Членот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент Мухаммед Џевад Џемали наведе дека Иран нема своја база во Сирија  и ги отфрли тврдењата околу тоа оти Револуционерната гарда од територијата на оваа земја извршила ракетен напад врз Израел. 

 



Слични вести