Првиот конвој на евакуирани од северен Хомс пристигна во Ал Баб во Сирија

Северен Хомс е подрачје кое во мировниот процес во Астана беше прогласено за зона без судири, а станува збор за енклава во која живеат над 200.000 цивили.

966514
Првиот конвој на евакуирани од северен Хомс пристигна во Ал Баб во Сирија

Првиот конвој од 3.194 лица евакуирани од северниот дел на Хомс пристигна во подрачјето на Ал Баб, во северниот дел на Сирија, ослободен во минатогодишната операција „Штитот на Еуфрат“.

Северен Хомс е бунтовничка енклава, која веќе пет години е под опсада од страна на силите лојални на режимот на Асад, а со посредство на Русија постигнат е договор и евакуација на жителите во северниот дел на Сирија, контролиран од страна на сириската опозиција.

Првиот конвој од 66 автобуси од тоа подрачје тргна вчера во попладневните часови.Автобусите со евакуираните луѓе утринава влегле во Ал Баб.

Северен Хомс е подрачје кое во мировниот процес во Астана беше прогласено за зона без судири, а станува збор за енклава во која живеат над 200.000 цивили.



Слични вести