Суад Ибрахим прва жена избрана за градоначалник на главниот град Тунис

Во Тунис се одржаа првите локални избори по народната револуција во 2011 година, кога беше соборен автократскиот режим на Зине ал-Абидин Бен Али.

965294
Суад Ибрахим прва жена избрана за градоначалник на главниот град Тунис

Во Тунис се одржаа првите локални избори по народната револуција во 2011 година, кога беше соборен автократскиот режим на Зине ал-Абидин Бен Али.

Партијата на преродбата (Движењето Нахда) победи на локалните избори во Тунис, освојувајќи 33,8 отсто од гласовите, објави државната телевизија на Тунис.

На овие избори за прв пат во историјата на Тунис една жена стана градоначалник на главниот град.

Суад Ибрахим е првата жена градоначалник на главниот град Тунис.

Според неофицијалните резултати, партијата Нида Тунес (Nidaa Tounes), втора по големина политичка опција со 55 места во парламентот, освои 25,8 отсто од гласовите.

Гласањето беше завршено во 18 часот по локално време, а беше забележана мала излезност. Изборната комисија три часа пред крајот на изборниот процес соопшти дека одѕивот на гласачите изнесува 21 отсто.

Комисијата наведе дека од вкупно 5,37 милиони регистрирани гласачи, до 15 часот гласале 1,796 милиони.

Дури 179 гласачки места низ целата земја се затворени поради безбедносни причини.

Официјалните резултати од изборите треба да бидат објавени на 9-ти мај.

Денешните избори се важни и како подготовка за парламентарните и претседателските избори кои во Тунис ќе се одржат следната година. 



Слични вести