Северна Кореја: САД треба да се откажат од притисокот и воената закана

Функционер на министерството за надворешни работи на Северна Кореја изјави дека заканата и притисокот на САД нема да помогнат во решавањето на проблемот во врска со нуклеарната програма

964956
Северна Кореја: САД треба да се откажат од притисокот и воената закана

Северна Кореја истакна дека САД треба да се откажат од притисокот и воената закана кои што ги вршат.

Функционер на министерството за надворешни работи на Северна Кореја во интервју за Корејската централна новинска агенција (КЦНА) изјави дека заканата и притисокот на САД нема да помогнат во решавањето на проблемот во врска со нуклеарната програма.

Истиот функционер наведе дека додека се фрлаат чекори за мир и компромис на Корејскиот полуостров САД намерно се обидуваат да ја провоцираат Северна Кореја.

Велејќи дека САД погрешно ја насочуваат јавноста, истиот функционер додаде дека САД се обидуваат да дадат впечаток дека намерата на Северна Кореја за денуклеаризација на полуостровот е соопштена поради извршениот притисок и санкциите. 



Слични вести