Нов бомбашки напад на центар за регистрирање на гласачи во Авганистан: 12 загинати

Цел на бомбашкиот напад во кој животот го загубија 12 лица, а 33 лица се повредени, беше шаторот за регистрирање на гласачи поставен во дворот на една џамија во градот Хост на истокот на Авганистан

965039
Нов бомбашки напад на центар за регистрирање на гласачи во Авганистан: 12 загинати

Во бомбашки напад повторно на еден центар за регистрирање на гласачи во Авганистан животот го загубија 12 лица, а 33 лица се повредени.

Цел на бомбашкиот напад беше шаторот за регистрирање на гласачи поставен во дворот на една џамија во градот Хост на истокот на Авганистан.

Експлозијата се случила во моментот кога џемаатот-верниците кои излегувале од џамијата се регистрирале за парламентарните избори што ќе се одржат во октомври.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Минатиот месец исто така беше реализиран самоубиствен напад на еден центар за регистрирање на гласачи во главниот град Кабул.  

Во нападот животот го загубија 60 лица, а 130 лица беа повредени.

Одговорноста за овој самоубиствен напад ја презеде терористичката организација ДЕАШ.



Слични вести