На протестите на границата на Газа од 30 март досега се повредени приближно 8 илјади Палестинци

Портпаролот на палестинското министерство за здравство Ешреф Кудра истакна дека како резултат на интервенциите на израелската армија за време на протестите „Големиот марш за враќање“ кои што се одржуваат на границата на Газа се повредени 7.945 лица

964685
На протестите на границата на Газа од 30 март досега се повредени приближно 8 илјади Палестинци

Бројот на повредените при употреба на непропорционална сила од страна на израелските војници против Палестинците кои од 30 март наваму ги продолжуваат мирољубивите протести на границата на Газа достигна до 8 илјади лица.

Портпаролот на палестинското министерство за здравство Ешреф Кудра истакна дека како резултат на интервенциите на израелската армија за време на протестите „Големиот марш за враќање“ кои што се одржуваат на границата на Газа се повредени 7.945 лица. 

Привлекувајќи внимание дека 100-тина од повредените се здравствени работници за итна помош кои даваат здравствена услуга на протестите, Кудра нагласи дека израелската армија со употреба на вистински куршуми и солзавец изврши напад врз 25 амбулантни возила.



Слични вести