Могерини: ЕУ апелира Русија да ги ослободи приведените мирољубиви демонстранти

Во соопштението на Европската Унија (ЕУ) се повикува Русија да ги исполни своите меѓународни одговорности и се вели дека властите во Москва без доцнење треба да ги ослободи притворените мирољубиви демонстранти

964762
Могерини: ЕУ апелира Русија да ги ослободи приведените мирољубиви демонстранти

Европската Унија (ЕУ) истакна дека на антивладините протести во Русија се приведени повеќе од илјада лица и ги повика властите во Москва да ги исполнат своите меѓународни одговорности.

Во објавеното писмено соопштение од канцеларијата на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини се вели дека тоа што на антивладините протести во Русија се приведени повеќе од илјада лица и се применуваше насилство претставува закана за слободата на изразување и слободата на собирање.

Во соопштението се привлекува внимание дека тоа што се приведени и новинари ја ограничува слободата на печатот, дека овие фундаментални права се внесени и во уставот на Русија и дека истите треба да за одбранат.

Во соопштението се нагласува дека некои протести беа одржани без дозвола, но дека не може да се прифати тоа што полицијата применуваше насилство и реализираше колективни приведувања.

Во соопштението на Европската Унија (ЕУ) се повикува Русија да ги исполни своите меѓународни одговорности и се вели дека властите во Москва без доцнење треба да ги ослободи притворените мирољубиви демонстранти. 

Инаку, илјадници лица во голем број градови ширум Русија организираа протести пред церемонијата на официјално стапување на должност на 7 мај (денеска) на рускиот претседател Владимир Путин кој повторно победи на одржаните избори во март.

Големиот број руски граѓани кои на повикот на Алексеј Навалниј, кој инаку е основач на „Фондот за борба против корупцијата“ и опозициски активист еден од водечките опозициони фигури на Русија, масовно излегоа на улиците и извикуваа слогани против претседателот Путин и руската влада.

Навалниј кусо време по учеството на протестите во главниот град Москва беше притворен од страна на полицијата, а воедно дојде и до немири помеѓу приврзаниците на Путин и учесниците на протестите.

По немирите руската полиција остро интервенираше врз демонстрантите и истакна дека протестите се незаконски при што беа притворени голем број лица.



Слични вести