Завршено првото истражување во врска со нападот со хемиско оружје во Дума во Сирија

Како што се вели примероците кои се донесени во лабораторијата на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) најпрвин ќе бидат испитани, а потоа ќе бидат испратени на анализа во лабораторија која ќе биде определена од страна на организацијата

964497
Завршено првото истражување во врска со нападот со хемиско оружје во Дума во Сирија

Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) соопшти дека Мисијата за утврдување на фактите (ФФМ)го завршила своето прво истражување во врска со нападот со хемиско оружје реализиран од страна на сирискиот режим на 7 април во градот Дума во Источна Гута во Сирија.

Во објавеното писмено соопштение од организацијата се истакнува дека примероците кои се донесени во лабораторијата на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) најпрвин ќе бидат испитани, а потоа ќе бидат испратени на анализа во лабораторија која ќе биде определена од страна на организацијата.

Во соопштението се вели дека анализата ќе може да трае 3 до 4 недели и дека засега не може да се соопшти датумот кога извештајот за Дума ќе им биде доставен на инволвираните држави.

Во истото соопштение се додава и тоа дека Мисијата за утврдување на фактите (ФФМ) со истражување за да собере повеќе информации и материјали.



Слични вести