Во воздушен напад врз населени места во Идлиб во Сирија загинаа 6 цивили

Во воздушен напад врз населени места во јужното рурално подрачје на Идлиб доцна ноќта во петокот загинаа 6 цивили, а 12 цивили се повредени од кои повеќето деца

Во воздушен напад врз населени места во Идлиб во Сирија загинаа 6 цивили

Во реализиран воздушен напад врз населени места во границите на областа за намалување на затегнатоста во подрачјето на градот Идлиб во Сирија животот го загубија 6 мина цивили.

Директорот за цивилна одбрана (Белите шлемови) во Идлиб Мустафа Хаџ Јусуф истакна дека населените места во јужното рурално подрачје на Идлиб доцна ноќта во петокот беа подложени на жесток воздушен напад. 

Мустафа Хаџ Јусуф нагласи дека во воздушниот напад чија цел беа селата Ел Нукајјер и Орејнибе кај населеното место Хан Шејхун на југот на Идлиб освен 6 загинати цивили има и 12 повредени цивили од кои повеќето деца.

Во објавеното соопштение и на Опсерваторијата за авиони на опозиционерите преку нејзината социјална мрежа исто така се вели следното: „Руски воен авион кој полета од воздушната база Хмејмим во Латакија реализира воздушен напад врз селата Ел Нукајјер и Орејнибе.“

Од друга страна Асадовиот режим и неговите поддржувачи реализираа воздушен напад врз селата Ел Зекат, Ал Сахир и Кастун и врз населените места Кифрен Буде и Латамне во северното рурално подрачје на градот Хама.

Според бројките објавени од страна на Дирекцијата за цивилна одбрана во Идлиб од почетокот на годината досега во реализираните воздушни напади животот го загубија вкупно 652 лица од кои 149 деца и 121 жена, а 4.291 лице се повредени.

 



Слични вести