Во сојузната држава Џорџија во САД се урна воен товарен авион

Воениот товарен авион од типот Ц-130 Херкулес кој реализирал лет за обука и во кој се наоѓале 5 војници засега поради непознати причини се урнал во близина на меѓународниот аеродром во Савана во сојузната држава Џорџија во САД

962902
Во сојузната држава Џорџија во  САД се урна воен товарен авион

Во сојузната држава Џорџија во САД се урна воен товарен авион од типот Ц-130 Херкулес и во несреќата животот го загубија 5 војници.

Во објавеното соопштение од Командата Националната гарда на САД се истакнува дека срушениот авион бил од Воздушните сили на националната гарда на Порто Рико.

Во соопштението се вели дека авионот кој реализирал лет за обука и во кој се наоѓале 5 војници засега поради непознати причини се урнал во близина на меѓународниот аеродром во Савана.

Федералната Управа за цивилно воздухопловство на САСД (ФАА) пак соопшти дека авионот се урнал додека летал за воздухопловната база Дејвис-Монтан во Аризона.



Слични вести