Во експлозија на еврејски фестивал во Лондон полесно повредени 10 лица

Во објавеното соопштение од лондонската полиција се вели дека во огнот кој што излегол од контрола и бил запален за време на прославите на една еврејска заедница во Стемфорд Хил, дел од северен Лондон, полесно се повредени 10 лица

963452
Во експлозија на еврејски фестивал во Лондон полесно повредени 10 лица

Во експлозија до која дошло за време на прослава на еден фестивал во Стемфорд Хил во северниот дел на англискиот главен град Лондон, каде што во мнозинство живее еврејско население, се повредени 10 лица.

Во објавеното соопштение од лондонската полиција се вели дека во огнот кој што излегол од контрола и бил запален за време на прославите на локалната еврејска заедница во Стемфорд Хил, полесно се повредени 10 лица.

Лондонската полиција исто така соопшти дека до експлозијата дошло случајно и дека таа не се поврзува со било каква криминална активност.

Според вестите кои што се објавуваат во англискиот печат, до експлозијата дошло поради горивото со кое што била прелеана кладата или поради старите мобилни телефони кои што биле фрлени во огнот и дека притоа биле полесно повредени 10 лица.

Инаку, во Стемфопрд Хил, дел од северен Лондон живеат голем број Евреи.

 



Слични вести