Тврдењата на Израел за програмата за оружје имаат провокативна цел

Изнесувањето на тврдењата кои целосно се неосновани и не се прифаќаат дури од страна на најобичните луѓе, претставува јасен показател за загриженоста на ционистичкиот режим од поразот што го доживува во последно време

962082
Тврдењата на Израел за програмата за оружје имаат провокативна цел

Одговор на тврдењата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ја презеле нуклеарната архива на Иран како и докази за тајната програма за нуклеарно оружје пристигна од иранскиот министер за одбрана Емир Хатеми.

Емир Хатеми, тврдењата на Нетанјаху ги оцени како провокативна акција на Израел и рече дека Иран нема да опстане индиферентен наспроти истите.

Изнесувањето на тврдењата кои целосно се неосновани и не се прифаќаат дури од страна на најобичните луѓе, претставува јасен показател за загриженоста на ционистичкиот режим од поразот што го доживува во последно време, рече Хатеми.

Ционистичкиот режим заедно со премиерот постепено се оддалечуваат од рационализмот, рече Хатеми.

Одговорот на Техеран ќе биде ненадеен и ќе се пишманите за тоа. Ова го истакнувам со цел да режимот и подржаниците кои го окупираа Ерусалим да се држат настрана од заговори, пакостење и опасни предизвици, рече Хатеми.

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф во претходната изјава во врска со истото прашање, израелскиот премиер Нетанјаху го нарече лажлив овчар кој ги повторува старите обвинувања насочени против Техеран.



Слични вести