Науерт: САД започнаа напад на последните области во Сирија под контрола на ДЕАШ

„Доаѓаме при крај со областите на територијата во Сирија под контрола на терористичката органзиација ДЕАШ и тероризирањето на народот во оваа земја од страна на оваа терористичка органанизација“ - рече портпаролката на Стејт департментот Хедер Науерт

962166
Науерт: САД започнаа напад на последните области во Сирија под контрола на ДЕАШ

САД започнаа напад на последните области во Сирија кои се наоѓаат под контрола на терористичката организација ДЕАШ.

Портпаролката на американскиот државен секретаријат Хедер Науерт рече: „Доаѓаме при крај со областите на територијата во Сирија под контрола на терористичката органзиација ДЕАШ и тероризирањето на народот во оваа земја од страна на оваа терористичка организација.“ 

Портпаролката Науерт објави описмено соопштение во врска со операциите кои што се реализираат против терористичката органзиација ДЕАШ во Сирија во врска со што рече: „САД, коалиционите сили, локалните сојузници и Сириските демократски сили започнуваат операција во последните области кои што ги држи во свои раце терористичката органзиација ДЕАШ.“

Велејќи дека ќе се водат жестоки судири, портпаролката на Стејт департментот Хедер Науерт нагласи дека во случај на напад против САД, коалицијата и локалните сили овие сили ќе бидат одбранети. 

 



Слични вести