Џим Матис: Активностите на НАТО во Авганистан ќе продолжат

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис истакна дека активностите на НАТО во Авганистан ќе продолжат

962493
Џим Матис: Активностите на НАТО во Авганистан ќе продолжат

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис во Вашингтон се состана со македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска при што по средбата одговараше на прашањата на новинарите.

Матис истакна дека активностите на НАТО во Авганистан ќе продолжат.

На поставените новинарски прашања околу тоа дали станува збор за повлекување од Авганистан, Џим Матис напомена дека коалицијата предводена од неговата земја ќе ги продолжи своите активности во оваа земја.

Велејќи дека САД ќе продолжат да стојат покрај авганистанскиот народ и авганистанската влада, Матис рече: „Ќе продолжи и мисијата на НАТО.“

Во врска со самоубиствените напади кои што беа реализирани во понеделникот во главниот град Кабул и во кои загинаа 25 лица, американскиот секретар за одбрана Џим Матис рече: „Правиме се што е во наши раце за да го спречиме гинењето на недолжните луѓе. Знаевме дека оваа година ќе помине тешко.“



Слични вести