Путин и Нетанјаху остварија телефонски разговор

Главна тема на разговорот беше нуклеарната програма на Иран

961645
Путин и Нетанјаху остварија телефонски разговор

Рускиот претседател Владимир Путин и израелскиот премиер Бенјмаин Нетанјаху остварија телефонски разговор.

Главна тема на разговорот беше нуклеарната програма на Иран.

Според соопштението кое беше објавено од страна на прес центарот на Рускиот државен дворец Кремљ, двајцата лидери на разговорот разменија мислења во врска со нуклеарната програма на Иран. Исто така Израел ги сподели тврдењата во врска со разузнавачките информации околу производството на нуклеарно оружје, беше истакнато во соопштението.

На средбата беше потврдена приврзаноста на Русија кон сеопфатниот партнерски акционен план за постигнување меѓународна стабилност и безбедност, а исто така беа разменети и мислења во врска со актуелните случувања во светот, особено Сирија и Блискиот Исток.



Слични вести