Путин и Макрон разговараа телефонски за нуклеарната програма на Иран

Двајцата лидери ја потврдија својата приврзаност кон постигнатиот Заеднички сеопфатен акционен план посветен на нуклеарниот договор со Иран

961373
Путин и Макрон разговараа телефонски за нуклеарната програма на Иран

Рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон разговараа телефонски во врска со нуклеарната програма на Иран.

Двајцата лидери ја потврдија својата приврзаност кон постигнатиот Заеднички сеопфатен акционен план по ова прашање. 

Францускиот претседател Макрон го информираше рускиот претседател Владимир Путин во врска со делот од средбата која што минатата недела ја оствари со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, кој што се однесува на нуклеарниот договор со Иран.

Притоа Путин и Макрон нагласија дека се на страната на зачувување на договорот.

Во телефонскиот разговор двајцата лидери Путин и Макрон освен другите случувања кои што се доживуваат на меѓународната арена се осврнаа и на билатераните односи помеѓу Русија и Франција.

 



Слични вести