ЕУ со предупредување до Израел во врска со убиството на невооружените демонстранти

Европската унија (ЕУ) го достави следното предупредување до Израел: „Израел треба да избегнува од употреба на вистински куршуми против невооружените демонстранти.“

961469
ЕУ со предупредување до Израел во врска со убиството на невооружените демонстранти

Европската унија (ЕУ) го предупреди Израел да не ги поставува на мета цивилите и особено децата и да избегнува од употреба на вистински куршуми против демонстрантите.

Во врска со убиството на тројцата Палестинци и на уште едно дете кое претходно беше рането во отворениот оган од страна на израелските војници, Европската унија (ЕУ) го достави следното предупредување: „Израел треба да избегнува од употреба на вистински куршуми против невооружените демонстранти.“

Портпаролката на Комисијата на Европската унија (ЕУ) Маја Коцијанчич изјави дека во период кога протестите во Газа се влезени во својата петта недела се следат одблизу и со внимателност овие случувања.

Потсетувајќи дека во отворенот оган од страна на израелските војници повторно се доживуваат цивилни загуби и дека воедно има и стотици ранети, Коцијанчич рече: „Ние како ЕУ како што рековме и претходно ги повикуваме страните да ја намалат тензијата. Продолжувањето на насилството ќе доведе само до продолжување на болката што се доживува во Газа и ќе им наштети на потрагите за мир.“  

„Чувствуваме жалење поради човечките загуби кои што се доживуваат. Не треба да се поставуваат на мета цивилите и особено децата. Израел треба да избегнува од употреба на вистински куршуми против невооружените демонстранти.“ - рече портпаролката на Комисијата на Европската унија (ЕУ) Маја Коцијанчич која воедно го повтори и повикот за водење на целосна истрага во врска со случувањата во регионот.



Слични вести