Британската министерка за внатрешни работи Амбер Руд поднесе оставка

Министерката за внатрешни работи Амбер Руд беше на мета на опозицијата поради применуваните мерки за насилно депортирање на мигрантите кои по Втората светска војна дошле како работници од поранешните британски колонии, а пред се од Карибите

961071
Британската министерка за внатрешни работи Амбер Руд поднесе оставка

Британската министерка за внатрешни работи Амбер Руд за која е дознаено дека го информирала погрешно парламентот за применувањата на министерството за внатрешни работи во врска со депортирањето на мигрантите, поднесе оставка.

Како што се наведува оставката на Руд била прифатена од страна на британската премиерка Тереза Меј.

Министерката Амбер Руд беше на мета на опозицијата поради применуваните мерки за насилно депортирање на мигрантите кои по Втората светска војна дошле како работници од поранешните британски колонии, а пред се од Карибите.

Во врска со тврдењата околу тоа дека во министерството биле поставувани политички цели по прашањето на депортирање, Руд пред парламентарната комисија за истражување  истакна дека не располага со информации по прашањето и се одбрани себе си, меѓутоа потоа беше дознаено дека применувањето за кое станува збор било ставено во примена по нејзина директива и со нејзино знаење.

Како последно во печатот беше објавено писмо во кое министерката за внатрешни работи Амбер Руд ја изнесува својата цел до премиерката Тереза Меј за депортирање на мигранти.

Името на Амбер Руд се споменуваше и меѓу кандидатите за потенцијален лидер на британската владејачка Конзервативна партија. 

Министерката за внатрешни работи Амбер Руд е четврт министер кој поднесува оставка од владата на Тереза Меј од месец ноември досега. Претходнио оставки поднесоа и министерот за одбрана Мајкл Фалон, потпретседателот Дамиан Грин и министерот за образование Џастин Грининг.

 



Слични вести