Столтенберг: Се соочуваме со една поразлична состојба во односите со Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека се наоѓаме во период кога се соочуваме со една поразлична состојба во односите со Русија

959968
Столтенберг: Се соочуваме со една поразлична состојба во односите со Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по првата сесија од состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО кој се одржува во штабот на Алијансата во главниот град на Белгија, Брисел даде изјава за претставниците на печатот.

Столтенберг истакна дека се наоѓаме во период кога се соочуваме со една поразлична состојба во односите со Русија.

Велејќи дека на дневниот ред на првата сесија се најдоа односите со Русија и актуелната состојба на Блискиот исток и во Северна Африка, Столтенберг соопшти дека шефовите на дипломатиите на земјите членки попладне ќе разговараат за случувањата во Авганистан. 

Столтенберг нагласи дека сите сојузници во НАТО ја осудија употребата на хемиско оружје од страна на режимот на Асад и декаНАТО продолжува да го поддржува политичкото решение во Сирија, под водство на ОН. 

Јенс Столтенберг напомена дека шефовите на дипломатии фрлија потпис на некои случувања и во врска со мисијата за обука за која што се планира да започне во Ирак и рече: „Одлучивме мисијата за обука во Ирак да се води по пат на операции. Обуката ќе се однесува на неколку стотина лица, ќе им се даде обука на ирачки инструктори и ќе бидат изградени воени школи.“

Средбата помеѓу лидерите на Северна Кореја и Јужна Кореја Столтенберг ја окарактеризира како „историски ден“ и додаде дека сепак „постои долг пат“ за решавање на проблемите помеѓу страните во вистинска смисла.

Истакнувајќи дека силните меѓународни санкции врз Северна Кореја беа влијателни за да се дојде до оваа состојба, Столтенберг потсети дека НАТО продолжува да го поддржува политичкото решение.

„Тоа што за сосема кусо време по гласањето во Сенатот новоименуваниот американски државен секретар Мајк Помпео дојде во НАТО го покажува значењето кое што му се дава на Алијансата“,  рече Столтенберг додаде дека остварил и куса средба со Помпео со кого размениле мислења во однос на односите со Русија и мисијата за обука во Ирак.

Потсетувајќи дека Сојузот во односите со Русија го продолжува приодот со кој што се држи на преден план силата на одвраќање и дијалогот, Столтенберг рече: „Се соочуваме со една поразлична состојба во нашите односи со Русија. Не се наоѓаме во период на Студената војна, меѓутоа не сме ниту во период да се обидуваме да изградиме стратешко партнерство по Студената војна.“ 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг подвлече дека НАТО сојузниците треба да покажат дека се спремни да делуваат заеднички и решително против Русија.



Слични вести