Експлозија во нафтена рафинерија во Америка
Стив Пангер, шефот на пожарникарскиот оддел на Супериор во изјавата за печатот рече дека 6-те повредени беа префрлени на лекување во болница

Во експлозијата во нафтената рафинерија во американската држава Висконсин беа повредени 6 лица.
Според американските медиуми, во 10 часот според локално време во рафинеријата на енергетската компанија Хуски Енерџи во градот Супериор во американската држава Висконсин се случи експлозија.
Стив Пангер, шефот на пожарникарскиот оддел на Супериор во изјавата за печатот рече дека 6-те повредени беа префрлени на лекување во болница, додека не истакна ништо во врска со нивната здравствена состојба.
Пангер ја сподели информацијата дека пожарот беше земен под контрола околу 11.20 часот според локално време, потенцирајќи дека засега не е позната причината за експлозијата по која дојде до протекување на асфалт кое исто така беше земено под контрола.
Американските медиуми соопштија рафинеријата пред експлозијата се подготвувала да ги суспендира активностите поради активностите за одржување кои биле предвидени.