Ново соопштение од САД до Иран во врска со нуклеарниот договор

Кристофер Форд истакна дека САД како додаток на постигнатиот нуклеарен договор со Иран се во потрага на „дополнителен договор“ кој што ќе располага со нови правила, ограничувања, услови и параметри

958877
Ново соопштение од САД до Иран во врска со нуклеарниот договор

САД соопштија дека Вашингтон не е на страната на „повторно преговарање“, „наново разгледување“ или “промена на условите“ на потпишаниот нуклеарен договор со Иран.

Кристофер Форд, претседателот на делегацијата на САД на меѓународната конференција посветена на Договорот за забрана на нуклеарното оружје која што продолжува во канцеларијата на ООН во Женева, одржа конференција за претставниците на печатот. 

Во оваа прилика Кристофер Форд истакна дека спротивно на изјавите кои што пристигнуваат од американската администрација во однос на тоа дека ќе биде поништен нуклеарниот договор со Иран, Вашингтон е на страната на продолжување на овој договор.

Во врска со нуклеарниот договор кој што беше потпишан меѓу Иран и земјите од групата 5+1 (САД, Велика Британија, Кина, Франција, Русија и Германија) како и Заедничкиот  сеопфатен акционен план, Кристофер Форд рече: „Немаме за цел повторно да се преговара, наново да се разгледа или да се променат условите на Заедничкиот сеопфатен акционен план.“

Форд додаде дека САД како додаток на постигнатиот нуклеарен договор со Иран се во потрага на „дополнителен договор“ кој што ќе располага со нови правила, ограничувања, услови и параметри.



Слични вести