Трамп и Макрон разговараа за иранската нуклеарна програма

Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека доколку Иран повторно започне да ја реализира својата нуклеарна програма,ќе се соочи со поголеми проблеми од оние што ги имаше досега.

958185
Трамп и Макрон разговараа за иранската нуклеарна програма

Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека доколку Иран повторно започне да ја реализира својата нуклеарна програма,ќе се соочи со поголеми проблеми од оние што ги имаше досега.

Трамп во Белата Куќа го пречека претседателот на Франција Емануел Макрон кој допатува во официјална посета на САД.

Во разговор со новинарите во Белата Куќа Трамп рече дека договорот за нуклеарната програма потпишан со Иран во 2015 година е многу лош и не требаше воопшто да се потпише.Тој додаде дека ги следат сите изјави на техеран во однос на нивната нуклеарна програма.

Трамп напомена дека со францускиот лидер одржал многу конструктивни разговори во врска со прашањето на нуклеарниот договор.

Освен тоа, американскиот претседател истакна и дека сака американските војници од Сирија да се вратат во својата земја, нагласувајќи дека никој не сака Иран да биде активен на празно подрачје откако ќе биде поразен ДЕАШ.

Тој додаде дека некои богати земји од регионот од сега треба да пружат финансиска поддршка потреба за постигнување на решение за сириската криза.

„Во текот на 18 години на Блискиот Исток потрошивме седум трилиони долари, а за возврат речиси ништо не добивме. Штитиме некои земји во регионот, вклучувајќи ги и оние кои се многу богати. Нека излезат сега и нека платат за она што се случува таму", рече Трамп.

Претседателот на Франција Емануел Макрон, по состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, изјави дека Париз сака да соработува со САД за со Иран да биде постигнат нов нуклеарен договор.

Макрон нагласи и дека и Турција и Русија би требало да учествуваат во преговорите чија цел би била нов нуклеарен договор.

Според Макрон сепак е потребно преку дипломатски пат да се решаваат сите проблеми во однос на прашањето на нуклеарниот договор со Техеран.



Слични вести