Протест во САД против ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година

Во Чикаго во САД се одржа протест против ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година на кој учествуваа голем број Турци и Азербејџанци

958033
Протест во САД против ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година

Група Турци и Азербејџанци кои живеат во САД одржаа протест во Чикаго против ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година.

Протестот под мотото „Не за ерменските лаги“ се одржа на плоштадот Tribune Tower на улицата Michigan.

Учесниците на протестот носеа знамиња на Турција, Азербејџан, Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и САД.

На протестот исто така беа носени и транспаренти со реакција против антитурскииот митинг одржан од страна на Ерменците.

На транспарентите пишуваше „Ерменија ги прекршува меѓународните закони“ и „Не можете да ги отворите вашите архиви бидејќи се потпираат на лаги“. 

На протестот беа испеани турската химна и измирскиот марш и беа извикувани слогани „Најголема е Турција, друга поголема нема“, „Лажлива Ерменија“, „Не сакаме да слушнеме повеќе ерменски лаги“.

Протестот во Чикаго против ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година наиде на заинтересираност и кај Американците.



Слични вести