Лавров: Русија нема да биде домаќин на евентуалната средба помеѓу Трамп и Ким Јонг-ун

И покрај тоа што се изнесуваат тврдења дека евентуалната средба помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун ќе се одржи во Русија, рускиот министер за надворешни работи ги демантираше овие тврдења

955565
Лавров: Русија нема да биде домаќин на евентуалната средба помеѓу Трамп и Ким Јонг-ун

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека неговата земја нема да биде домаќин на евентуалната средба помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун.

Како што беше соопштено директорот на Централната разузнавачка служба (ЦИА) Мајк Помпео и неговата екипа кој инаку се подготвува да ја преземе функцијата американски државен секретар, воспоставиле директен контакт со своите севернокорејски колеги во една трета земја чие име на беше соопштено и дека притоа се водело обид да се одлучи каде ќе се оствари евентуалната директна средба помеѓу Трамп и Ким.

Според тврдењата севернокорејската управа инсистира средбата да се одржи во нејзиниот главен град Пјонгјанг, меѓутоа американската страна за остварување на оваа средба укажува на Белата куќа. 

Третата алтернатива била средбата да се одржи во друга земја.

Во меѓувреме се изнесуваат и тврдења околу тоа дека адреса за одржување на овој самит кој што се очекува со голема заинтересираност во целиот свет, ќе биде Русија.

Меѓутоа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека неговата земја нема да биде домаќин на евентуалната средба помеѓу Трамп и Ким.

Лавров во својата изјава воедно рече дека средбата Трам-Ким е еден чекор далеку од  воено решение.



Слични вести