САД: Во нападот во Дума е употребен хлор и сарин

Портпаролката на американскиот државен секретаријат Хедер Ноерт рече дека во реализираниот напад на 7 април на градот Дума во реонот на Источна Гута во Сирија е употребен хлор и сарин

953801
САД: Во нападот во Дума е употребен хлор и сарин

САД истакнаа дека во реализираниот напад на 7 април на градот Дума во реонот на Источна Гута во Сирија е употребен хлор и сарин.

Портпаролката на американскиот државен секретаријат Хедер Ноерт на одржаната конференција за претставниците на печатот изјави дека не се точни информациите кои што ги соопштуваат новинските агенции лојални на режимот во Сирија околу тоа дека делегацијата на Организацијата за забрана на хемиското оружје влегла во Дума.

Ноерт рече: „Знаеме дека сириските државни медиуми велат дека делегацијата влегла во Дума. Меѓутоа ние тоа не можеме да го потврдиме независно. Изворите кои што ние ги сметаме за доверливи не информираат дека делегацијата засега не влегла во Дума.“

Велејќи дека сакаат делегацијата што побрзо безбедно да влезе во Дума, Ноерт рече: „Меѓутоа воедно сакаме и доказите да бидат чисти. Додека доцни влезот на делегацијата во Дума постои проблем и од уништување на доказите.“

Портпаролката на Стејт департментот Хедер Ноерт потенцира дека според собиените информации во Дума биле употребени два различни хемиски супстанци и го додаде следното: “Податоците со кои што располагаме овозможуваат да мислиме дека во нападот е користен хлор и сарин.“

Инаку во реализираниот напад со хемиско оружје на 7 април од страна на Асадовиот режим врз градот Дума едно од последните места под контрола на опозиционерите во Источна Гута животот го загубија 78 цивили.   

 

 



Слични вести