Телефонски разговор меѓу Путин и Меркел

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел остварија телефонски разговор во кој претежно се осврнаа на Сирија

953290
Телефонски разговор меѓу Путин и Меркел

Рускиот претседател Владимир Путин во остварениот телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел рече дека реализираниот напад од страна на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија е во спротивност со меѓународното право.

Во објавеното соопштение од Кремљ се вели дека е остварен телефонски разговор меѓу Путин и Меркел.

Притоа Путин и рекол на Меркел дека извршениот напад врз Сирија од страна на трите земји му нанесе сериозна штета на процесот за решавање на кризата со мирољубиви средства.

Во телефонскиот разговор е нагласено значењето од реализирање на детално и непристрасно истражување во врска со тврдењата на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) за реализиран хемиски напад во Сирија.

Двајцата лидери истакнаа дека се подготвени за вложување напори  во правец на повторното заживување на политичките и дипломатските напори по прашањето на Сирија и за продолжување на контактите. 

Освен тоа Путин и Меркел разменија мислења и во врска со изградбата на гасоводниот проект Северен тек 2.

 



Слични вести