Одговор од Белата куќа на последната изјава на Макрон

Портпаролката на Белата куќа Сарах Сандерс истакна дека претседателот Трамп јасно кажа дека сака што побрзо да ги повлече американските војници од Сирија

952195
Одговор од Белата куќа на последната изјава на Макрон

Одговор од Белата куќа до францускиот претседател Емануел Макрон кој рече дека го убедил американскиот претседател Донлад Трамп во однос на неговата изјава за повлекување на војската од Сирија.

Белата куќа истакна дека претседателот Трамп јасно кажа дека сака да ги врати дома американските војници од Сирија.

Портпаролката на Белата куќа Сарах Сандерс во врска со изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон околу тоа дека го убедил американскиот претседател Доналд Трамп американските војници да останат во Сирија, рече: „Претседателот јасно кажа дека сака што побрзо да ги врати дома американските војници од Сирија.“

„Целта на САД во Сирија не е променета. Претседателот јасно кажа дека сака што побрзо да ги врати американските војници дома. Ние сме одлучни за целосно уништување на ДЕАШ и за создавање на условите кои ќе ја спречат оваа организација да се врати назад.“ 

Инаку, францускиот претседател Емануел Макрон во специјалната програма која што се емитуваше во живо на BFMTV и Mediapart го изјави следното: „Американскиот претсеадтел Трамп рече дека ќе ги повлече своите војници од Сирија. Ние ги убедивме Американците да останат во Сирија.“

Оваа изјава на Макрон доведе до дискусии во Вашингтон.



Слични вести