Русија побара итен состанок на Советот за безбедност за Сирија

Постојаниот претставник на Русија во ОН Васили Небензиа изјави дека би било добро да се состане Советот за безбедност на ОН во период кога се под закана меѓународниот мир и безбедност

950459
Русија побара итен состанок на Советот за безбедност за Сирија

По порастот на тензијата поради евентуалната воена интервенција од страна на САД на Сирија, Русија побара да се одржи итен состанок на Советот за безбедност на ОН.

Постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензија изјави дека би било добро да се состане Советот за безбедност на ОН во период кога се под закана меѓународниот мир и безбедност.

Небензија побара на состанокот да присуствува и генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес и да ги информира 15-те земји членки на Советот.

По повикот на Русија денеска се очекува да се состане Советот за безбедност на ОН.



Слични вести