Јенс Столтенберг : НАТО силно го осудува нападот со хемиско оружје во Источна Гута

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека сите одговорни треба да одговараат за овој напад, и дека нападот во Дума е извршен во зона каде што Асадовиот режим и неговите поддржувачи, Иран и Русија, се активни.

950508
Јенс Столтенберг : НАТО  силно го осудува нападот со хемиско оружје во Источна Гута

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека силно го осудуваат нападот со хемиско оружје во Источна Гута.

Столтенберг, на прес-конференцијата која се одржа по неговата средба со премиерот на Словачка, Питер Пелегрини, нагласи дека сите одговорни треба да одговараат за овој напад, и дека нападот во Дума е извршен во зона каде што Асадовиот режим и неговите поддржувачи, Иран и Русија, се активни.

Тој рече дека режимот и претходно користел хемиско оружје.

„Упатуваме апел до сирискиот режим и неговите поддржувачи Русија и Иран, за осигурување целосен и непречен пристап за вршење меѓународна истрага во ова подрачје, и за влез на здравствените службеници во подрачјето“, додаде Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО рече дека сојузниците на НАТО водат консултации во однос на одговорот за овој напад.

Инаку во нападот со хемиско оружје кој што беше извршен на 7 април врз цивилите во Дума, Источна Гута, загинаа 78 цивили.



Слични вести