Путин го предупреди Нетанјаху во врска со Сирија

Во објавеното писмено соопштение од Кремљ се вели дека Путин и Нетанјаху остварија телефонски разговор посветен на израелскиот воздушен напад во понеделникот врз воената воздушна база Тифор (Т-4) во подрачјето на градот Хомс во Сирија

949711
Путин го предупреди Нетанјаху во врска со Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да избегнува од преземање на активности кои би довеле до уште поголема нестабилост во Сирија.

Во објавеното писмено соопштение од Кремљ се вели дека Путин и Нетанјаху остварија телефонски разговор посветен на воздушниот напад реализиран од страна на израелски воени воени во понеделникот врз воената воздушна база Тифор (Т-4) во подрачјето на градот Хомс во Сирија.  

Во истото соопштение се додава и следното: „Путин го нагласи значењето на почитувањето на суверенитетот на Сирија и повика да се избегнува од преземање на секој вид активности кои што би ја довеле до уште поголема нестабилност и би претставувале закана за безбедноста на оваа земја.“

Инаку руското министерство за одбрана соопшти дека два воени авиони од типот Ф-15 во сопственост на Израел на почетокот на неделата без да влезат во сирискиот воздушен простор од Либан исфрлија 8 ракети врз воената воздушна база Тифор (Т-4).   

Воената вона база Т-4 е позната како база од која што полетуваат воените авиони на сирискиот режим кои особено во последно време реализираат напади со хемиско оружје во Источна Гута. 

 



Слични вести