Телефонски разговор помеѓу Трамп и Меј посветен на Сирија

Во телефонскиот разговор стана збор за хемиското оружје кое што беше употребено во саботата во градот Дума во реонот на Источна Гута во Сирија

949002
Телефонски разговор помеѓу Трамп и Меј посветен на Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп оствари телефонски разговор со британската премиерка Тереза Меј.

Во телефонскиот разговор стана збор за хемиското оружје кое што беше употребено во саботата во градот Дума во реонот на Источна Гута во Сирија.

Белата куќа објави писмено соопштение во врска со содржината на телефонскиот разговор помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и британската премиерка Тереза Меј во кое се вели следното:

„Претседателот Доналд Трамп оствари телефонски разговор со британската премиерка Тереза Меј. Двајцата лидери го осудија тоа што сирискиот претседател Есад не посветува никакво внимание кон човечкиот живот. Претседателот и премиерката постигнаа компромис да не се дозволи нова употреба на хемиско оружје.“



Слични вести