Русија стави вето на истражувањето на употребата на хемиско оружје во Сирија

Советот за безбедност на ОН заседаваше со предлог за усвојување на нацрт резолуција за покренување на независна и транспарентна истрага за користењето на хемиско оружје во Дума, Источна Гута во Сирија

948651
Русија стави вето на истражувањето на употребата на хемиско оружје во Сирија

Русија стави вето на американскиот предлог за формирање на механизам за истражување и утврдување на одговорност за употребата на ехмиско оружје во Сирија.

Советот за безбедност на ОН заседаваше со предлог за усвојување на нацрт резолуција за покренување на независна и транспарентна истрага за користењето на хемиско оружје во Дума, Источна Гута во Сирија која е под блокада на режимските сили на претседателот Асад.

Русија го одби предлогот ставајќи вето на истиот.

Против американскиот предлог беше Русија, а Кина воздржана.Против резолуцијата исто така беше Боливија,како привремена членка на Советот за безбедност.

Инаку за усвојување на нацрт резолуција во Советот за безбедност е потребна поддршка на 9 членки од вкупно 15, под услов да ниту една од постојаните членки на Советот САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција не стават вето.

Русија од почетокот на граѓанската војна во Сирија досега 12 пати стави вето на резолуциите за оваа земја.

Последната нацрт резолуција предвидуваше воспоставување на механизам за истражување на користењето на хемиско оружје од страна на режимските сили во Сирија.

Амбасадорот на Русија во ОН Василиј Небензија уште пред самото гласање истакна дека механизмот кој што го предлага САД нема да биде независен,така што нацртот го прогласи за „анархија и манипулација“.

 



Слични вести