Џејмс Матис ги одложи планираните посети на Калифорнија и Невада

Внимание привлекува тоа што одлуката на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис за одложување на наведените посети уследи веднаш по откажувањето на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Латинска Америка

948762
Џејмс Матис ги одложи планираните посети на Калифорнија и Невада

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис ги одложи своите претходно испланирани посети на сојузните држави Калифорнија и Невада.

Мајор Шерил Клинкел, еден од портпаролите на Пентагон изјави дека секретарот за одбрана Џејмс Матис ги одложил планираните посети на сојузните држави Невада во петокот и на Калифорнија во Сан Франциско на крајот на неделата. 

Портпаролот Клинкел напомена дека Матис ќе учествува на вечерата во четвртокот во Њујорк  во организација на Фондацијата на американските маринци. 

На прашањето дали овие посети се откажани поради евентуалната интервенција на САД на Сирија, американскиот портпарол мајор Клинкел рече: „Нема да шпекулирам во однос на ова прашање.“

Внимание привлекува тоа што одлуката на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис за одложување на наведените посети уследи веднаш по откажувањето на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Латинска Америка.

Белата куќа претходно соопшти дека претседателот Трамп нема да ја остваруи планираната посета на Латинска Америка и дека за следење на случувањата во врска со Сирија ќе остане во главниот град Вашингтон.

 



Слични вести