Америка испраќа воена флота во Средоземното море

7 американски воени брода заедно со носачот на авиони УСС Хери Труман тргнаа на пат кон Средоземното море

948866
Америка испраќа воена флота во Средоземното море

7 американски воени брода заедно со носачот на авиони УСС Хери Труман тргнаа на пат кон Средоземното море.

Од командата на американската морнарица е соопштено дека флотата воени брода на чело со носачот на авиони УСС Хери Труман отпловиле денеска од пристаништето во Норфолк  на пат кон зоните на 5. и 6. флота.

Во истото соопштение се додава дека носачот на авиони ќе биде придружуван од крстосувачот снабден со далечинско управувани ракети УСС Норманди, ракетниот разорувач УСС Арли Бурк како и фрегатите УСС Беркли, УСС Форест Шерман и УСС Ферагу.

Разорувачите УСС Џејсон Данхам и УСС Саливен подоцна ќе се придружат на флотата.

Во флотата се ангажирани 6500 лица како воен и придружен персонал.

На флотата извесен период ќе и се придружи германската фрегата ФГС Хессен.

Во соопштението на американската морнарица се истакнува дека станува збор за однапред планирана акција, но самиот факт дека истата се реализира деновиве кога американската администрација се подготвува да даде одговор на режимот во Сирија по нападот со хемиско оружје на Дума е доста индикативен.

Инаку носачот на авиони УСС Хери Труман за последен пат беше испратен во Средоземното молре во 2016 голдина како поддршка на борбата против терористичката организација ДЕАШ.

 



Слични вести