Трамп најави воена операција на Сирија

Ќе одлучиме дали во позадината се наоѓа Русија, Иран, Сирија или пак сите заедно, рече Трамп

947841
Трамп најави воена операција на Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воена операција на Сирија.

ПО средбата со воените претставници во врска со тврдењата за напад со хемиско оружје Трамп рече дека најдоцна во рок од 8 часа ќе донесе значајна одлука.

На едно прашање на новинарите американскиот лидер рече дека на маса се наоѓаат сите опции, кој одговор предизвика коментари дека постои можност и за воена операција на Сирија.

По нападот во Сирија кој го оцени како „гнасен напад“, Трамп рече дека ќе одлучат дали во позадината се наоѓа Русија, Иран, Сирија или пак сите заедно.

Во исто време, американскиот државен секретаријат за надворешни работи објави соопштение во кое истакна дека зулумот ќе има и сви последици.

Во нападот со хемиско оружје во саботата во сириската енклава Дума во Источна Гута загинаа 78 лица меѓу кои и деца.



Слични вести