Лавров ја прифатил поканата на својот севернокорејски колега да го посети Пјонгјанг

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска во Москва се состана со севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Џонг-хо

948451
Лавров ја прифатил поканата на својот севернокорејски колега да го посети Пјонгјанг

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека ја прифаќа поканата на својот севернокорејски колега Ри Џонг-хо да го посети Пјонгјанг.

Лавров денеска во Москва се состана со севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Џонг-хо.

По средбата шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров рече: „Мојот пријател господинот министер ме покани на возвратна посета на Пјонгјанг. Ја прифатив оваа негова покана.“

Лавров изјави дека на средбата не станало збор за евентуална средба помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

„Не разговаравме за овие прашања. Двајцата лидери редовно разменуваат мислења. Сигурни сме дека во блиско погодно време за нив би можеле да реализираат една таква средба.“ - рече Лавров.

Велејќи дека позитивно ја дочекуваат посетепената нормализација на ситуацијата на Корејскиот полуостров, Сергеј Лавров потенцираше дека Русија ги поддржува контактите и помеѓу Северна Кореја и САД.

Лавров нагласи дека разговорите во врска со состојбата на Корејскиот полуостров треба да резултираат со прочистување на регионот од нуклеарно оружје.



Слични вести