Советот за безбеднист на ОН ќе заседава за последниот хемиски напад во Источна Гута

Седницата се одржува на барање на Франција, Британија, САД, како постојано членки на советот и Брегот на Слоновата Коска, Холандија, Перу, Полска,Кувај и Шведска како привремени членки.

947105
Советот за безбеднист на ОН ќе заседава за последниот хемиски напад во Источна Гута

За денес е свикана седницан на Советот за безбедност на ОН во врска со последниот хемиски напад на сирискиот режим во Источна Гута.

Седницата се одржува на барање на Франција, Британија, САД, како постојано членки на советот и Брегот на Слоновата Коска, Холандија, Перу, Полска,Кувај и Шведска како привремени членки.

Постојаниот претставник на САД во ОН Ники Хели изјави дека во последно време доста често се употрфеб ува хемиско оружје против  цивилите, така што советот за безбедност мора да се собере и да иницира независна истрага како и да бара одговорност од извршителите на ова злосторство.

 Инаку вчера Франција повика на итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации во врска со последниот хемиски напад на сирискиот режим во Источна Гута.

Преку соопштение, францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан, го осуди „продолжувањето на сирискиот режим со опсадата на подрачјето на Дума во Источна Гута, и бомбардирањата во коишто загинаа голем број цивили во последните 24 часа“.

Најмалку 78 цивили беа убиени доцна синоќа, откако силите на Асад извршија напад со отровен гас во подрачјето на Дума, Источната Гута, истакна Цивилната заштита „Бели шлемови“.

 



Слични вести