Полицијата на Берн против приврзаниците на ЈПГ/ПКК интервенираше со пластични куршуми

Околу 400 приврзаници на ЈПГ/ПКК се собра пред железничката станица на Берн од каде почнаа да маршираат кон Плоштадот на Собранието

947180
Полицијата на Берн против приврзаниците на ЈПГ/ПКК интервенираше со пластични куршуми

Полицијата на Берн против приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК кои одржаа недозволена интервенираше со пластични куршуми.

Приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација која под изговор дека се против операцијата Маслиново гранче (на Турските вооружени сили во Сирија) со месеци одржуваат недозволени протести се соочија со острата интервенција на полицијата.

Полицијата на Берн врз приврзаниците на ЈПГ/ПКК кои предизвикаа големи немири во главниот град на Швајцарија интервенираше сио пластични куршуми и приведе 239 лица.

Според веста која беше објавена во швајцарскиот печат и медиуми а која се заснова на официјални извори, околу 400 приврзаници на ЈПГ/ПКК се собра пред железничката станица на Берн од каде почнаа да маршираат кон Плоштадот на Собранието.

Покрај предупредувањето на полицијата дека ќе бидат приведени, приврзаниците на терористичката организација по одреден период почнаа да предизвикуваат немири во градот. Со факели, спрејови, пиротехнички производи и други реквизити во рацете, терористите нанесоа штета на објектите, поради што полицијата интервенираше со пластични куршуми и ги растера терористите.

Поддржувачите на ЈПГ/ПКК предизвикаа голема материјална штета во износ од сто илјадници швајцарски франци. Полицијата приведе 239 лица од кои 63 жени.

Демонстрантите кои беа растерани од страна на полицијата, во доцните ноќни часови продолжија со насилствата.

Швајцарскиот печат и медиуми соопштија дека ова не се први насилнички акции на поддржувачите на ЈПГ/ПКК првпат и дека претходно во февруари извршиле напад на Генералниот конзулат на Турција во Цирих.



Слични вести